Селекцијата на Португалија е нов фудбалски владетел на стариот континент откако триумфираше на Европското првенство кое се одржуваше во Франција.


До првиот трофеј во историјата „европските бразилци“ стигнаа со минимален триумф (1-0) над домаќинот на ЕП, Франција по дополнителните триесет минути откако регуларниот дел заврши без победник 0-0.

Херој на португалците не е Кристијано Роналдо кој поради повреда предвреме ги заврши финалето, не е ниту Нани или пак Кварезма туку Едер кој погоди за победа во 109-та минута од натпреварот.


Фудбалот 12 години подоцна му го врати на Португалија она што му го одзеде 2004 година кога во финалето во Лисабон претрпе пораз од Грција.

OhridNews