Навивачите на Бенфика заедно со навивачите од Спортинг Лисабон на „Стадионот на Светлината“ му оддадоа почит на Еузебио, кој почина од срцев проблеми на 72 годишна возраст. Неговата желба била кога ќе почини ковчегот да го стават на центарот од стадионот на Бенфика бидејќи тој таму вечно ќе живее. Желбата му била исполната, а навивачите со громогласни аплаузи го испраија Еузебио меѓу легендите.

Мх.П.