Во драматичен и неизвесен финиш македонскиот првак Вардар претепре пораз 28-27 (14-17) од Ѓер на гостувањето во Унгарија. За македонскиот шампион ова е втор пораз сезонава во Лигата на шампиони, втор од унгарскиот преставник.
– Беше тежок меч, тие одиграа добро ефективно во првиот дел, но ние во вториот успеавме да се вратиме во ритам и да го завртиме резултатот. Ова е важна победа за нас, ја покажавме нашата сила и ова е добра победа за нашата самодоверба – рече Едуарда АморимТалеска по звршувањето на мечот.
Едуарда Аморим Талеска, која минатата сезона ИХФ беше прогласена за најдобар ракометарка на светот, за цел во сезоната ја има зацртано круната во Лигата на шампиони, која по две успешни сезони, лани токму Вардар им ја симна од главата.
– Наша цел е да ја освоиме Лигата на шампиони, работиме напорно за да ја постигнеме таа цел. Не е лесно да се вратите на она високо ниво, но победите во ваквите мечеви ја враќаат самодовербата и не туркаат посилно до посакуванта цел – истакна бразилката која со тимот на Ѓер ја освои титулата во 2013 и 2014 година.
Двократната освојувачка на лигата на шампиони своите први чекори во Европа ги направи во македонскиот тим Кометал ЃП, каде настапуваше три и пол години. За неа секое гостување во Македонија и играњето против македонските тимови е нешто посебно.
– Гостувањата во Македонија се нешто посебно за мене, додека мечевите во Ѓер се друга приказна, сега тука е мојот дом. Но играњето во Скопје за мене е секогаш емотивно, и драго патувам во Македонија за да играм против бил кој тим – потенцираше Аморим.
Она што најмногу и недостига во Унгарија на бразилката која и во дресот на македонскиот првак Кометал ЃП ги полнеше противничките мрежи е македонскиот начин на живот.
– Секако дека ми недостига Македонија, имам убави спомени од таму. Секој мој престој, сега веќе неможам многу долго да останам таму, е прекрасен. Навистина ми недостига начинот на животот на луѓето таму – вели Аморим.
Во спортот како и животот се можно, па така ни Аморим не ја исклучува можноста еден дена да се врати во македонската престолнина.
– Никогаш не вели никогаш, еден ден можеби. Во моментов задоволна сум во Ѓер и не гледам причина да си одам, но во иднина кој знае – рече Аморим.
Македонската фаланга од Виена ги бодреше “црвено-црните“
Полна беше “Ауди арената“ во Гјор за дерби мечот од групата Ц меѓу Гјор и Вардар. Во унгарскиот вулкан подршка имаа и “црвено-црните“ и тоа од педестина членови на македонската фаланга од Виена (навивачка група формирана од македонците во Виена) кои допатуваа во Ѓер да го бодрат македонскиот првак.
– Секогаш со задоволство патуваме да ја бодриме Македонија и македонските тимови во Европа. Славевме против Хипо, но штета овој пат за малце ни избега победата, но нема разочарување продолжуваме понатаму – велат од “Фалангата“.
Мирко Постоловски














