– Мерките на СВР Охрид, првенствено ќе бидат насочени кон физичко обезбедување на објектите и просторот за време на посетата на претседателите и нивните делегации и ќе бидат во функција на непречено одвивање на оваа значајна средба чиј домаќин е македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов. Заради безбедно движење на делегациите и возилата под придружба, на одредени патни правци и сообраќајници, привремено ке биде ограничено движењето на моторни и друг вид на возила со физичко регулирање на сообраќајот.-информираат од охридската полиција
СВР Охрид ги интензивира мерките за сообраќајно обезбедување кои се одвиваат со писмени предупредувања на сите паркирани патнички и други моторни возила по должината на Булеварот „Туристичка“ но и во стариот дел од градот, каде претседателите и членовите на делегациите ќе посетат дел од културно-историските знаменитости на град Охрид. На овој потег, но и на неколку други сообаќајници, нема да биде дозволено запирање или паркирање на моторни возила. Предвидено е отстранување на неправилно паркирани патнички и друг вид моторни возила како и на оставени предмети од сообраќајните површини. Од страна на полициските службеници, ќе бидат спроведувани и другите законски овластувања како дел од севкупните безбедносни мерки на СВР Охрид.
СВР Охрид апелира до граѓаните на Охрид на исклучива нужност во користењето на сопствените возила за време на одржувањето на регионалната претседателска средба.
Посебен режим на сообраќај за време на средбата на претседатели од регионот во Охрид
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com