СВР Охрид ги известува граѓаните дека денеска (09.05.2023 година-вторник) од 17.00 до 23.30 часот, поради движење на возила под придружба, посебен сообраќаен режим на сообраќај ќе има на регионалниот патен правец Охрид-Св.Наум.
Заради отстапување приоритет во нивното движење, ќе има повремени задржувања на сообраќајот и комбинирано последователно пропуштање на останатите патнички и други моторни возила.
Апелираме до граѓаните за разбирање и почитување на наредбите од полициските службеници, се наведува во соопштението на СВР Охрид.
OhridNews