Голем број улици, булевари во Скопје, утре, поради посетата на папата Франциск, ќе бидат затворени за сообраќај.
Од МВР информираа дека во појасот голем ринг во текот на утрешниот ден од 6 до 19 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот и истиот ќе биде пренасочен на други улици. Затворен за сообраќај ќе биде и булеварот „Мајка Тереза“ кај клиничкиот центар од 8 и 15 до 10 и 15 и во попладневните часови.
Од 7 30 до 9 часот ќе биде затворен за сообраќај во двете ленти и патот од Меѓународниот аеродром Скопје до влезот на градот додека пак сообраќајот на автопатот Велес-Скопје ќе се одвива преку Миладиновци Идризово.
Мостот на уметноста и камениот мост ќе бидат затворени, а следењето на литургијата не е дозволена од прозор или балкон на зградите во центарот.
OhridNews