Во рок од 2 недели, комисијата ќе реши дали наставната програма во основните училишта ќе продолжи да се води по овие учебници, односно, дали тие ќе бидат заменети со посоодветни. Исто така, друга комисија ќе одлучува каде ќе можат да се формираат мешаните паралелки, и дали ќе се спојуваат паралелките во кои нема доволен број ученици.
Инаку, ресорниот министер Панче Кралев, вчера, беше во посета на објектите во изградба во комплексот на студентскиот дом „Стив Наумов“, чија инвестиција се проценува на 70 милиони денари.