– За сите специфични подрачја како што се национални паркови, заштитени подрачја, места каде има археолошки ископини ќе се бара мислење од инститиуциите. Во самата постапка на легализација општината по службена должност ќе мора да се обрати до надлежната институција, дали е тоа Министертвото за животна средина или Национален парк, или институции кои се грижат за заштита на културното наследство, и тие институции ќе бидат релевантни да кажат дали тој објект или делови од објектот може да се легализира или не.-рече Јанакиески.
Тој посочи дека општината тоа ќе го прави по службена должност, за да се избегне непотребното одење на граѓанитре по шалтери.
– Постапката максимално ќе биде упростена и освен 5-6 документи кои лесно ќе се обезбедуваат, другата постапка ќе ја спроведуваат општините.-додаде Јанакиески.
Министерот Јанакиески денеска ги слушна забелешките на охриѓани, кои најмногу се однесуваа на висината на надоместоткот за легализација на дивоградбите. Граѓаните предупредија дека законот како што е предвиден сега тешко ќе биде спроведлив во реалност доколку не се извршат одредени корекции.
-Законот е неспроведлив затоа што не е замен предвид социјалниот елемент. Тука спаѓа елаборат за висинско мерење и мерење на површината, тие чинат 200 евра повеќе од утврдените давачки и човек како мене, инвалид на трудот со 7.500 месечни примања не може да си дозволи да го легализира објектот. – предупреди, пензионерот Ташко Велоски.
Министерот Јанакиески најави дека забелешките на граѓаните сериозно ќе бидат разгледани и сите конструктивни предлози ќе бидат вградени во законот со цел во 2011 да изврши легализација на поголемиот број дивоградби.