Посебни безбедносни мерки за време на претстојните политички настани во Охрид
23.05.13 15:12
По повод претстојниот самит на шефови на држави и влади на земјите учеснички во процесот на соработка во југоисточна Европа и единаесеттиот форум на дијалог меѓу цивилизациите, што од 31-ви Мај до втори Јуни оваа година ќе се одржи во Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид, презема и реализира оперативно-тактички мерки со цел безбедно одвивање на планираните средби и програмските активности.
Безбедносните мерки, СВР Охрид ги презема и во врска со 10-та конференција на претседателите на парламентите во процесот на соработка во југоисточна Европа, што ќе се одржи од 26-ти до 28-ми овој месец како и во однос на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на процесот на соработка во југоисточна Европа предвиден за 30-ти и 31-ви овој месец. Мерките првенствено ке бидат насочени кон оперативно покривање, сообраќајно и физичко и обезбедување на објектите и просторот за време на посетата на високите делагации и ќе бидат во функција на непречено одвивање на овие значајни средби.
Во контекст на натамошно одржување на стабилна и поволна безбедносна состојба на подрачјето а заради безбедно движење на делегациите и возилата под придружба, на одредени патни правци и сообраќајници, привремено ке биде ограничено движењето на моторни и друг вид на возила со физичко регулирање на сообраќајот.
СВР Охрид ги интензивира мерките за сообраќајно обезбедување кои се одвиваат со писмени предупредувања на сите паркирани патнички и други моторни возила по должината на Булеварот „Туристичка„ но и во стариот дел од градот, каде делегациите ќе посетат дел од културно-историските знаменитости на град Охрид. На овој но и на неколку други сообакајници, нема да биде дозволено запирање или паркирање на моторни возила. Предвидено е отстранување на неправилно паркирани патнички и друг вид моторни возила како и на оставени предмети од сообраќајните површини. Полициските службеници ќе спроведуваат и другите законски овластувања како дел од севкупните безбедносни мерки на СВР Охрид.
Имајки го во вид исклучителното значење овие средби, до граѓаните апелираме на исклучива нужност во користењето на сопствените патнички и други моторни возила, стои во информацијата на СВР Охрид.
Низ серијал текстови ви ги претставуваме успешните охридски приказни во изборот на Охридњуз во 2025 година кои се помесетени во 12 издание на Годишната ревија на настани Во март 2005 година како де...
ЕВН Македонија во партнерство со Македонското еколошко друштво (МЕД), Електроразпределие Југ (дел од ЕВН групацијата во Бугарија), Бугарското друштво за заштита на птиците (BSPB) и Турското друштво...
Вечерта на 31 јануари, сабота, во „Ночолино“ ланџ бар & џелатерија во „Охрид мол“, е резервирана за музички страсти со Ѓоко Танески Еден од највечатливите вокали кај нас во живо ќе ги отпее нај...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.