Навивачите на Барселона преку социјалните мрежи упатија посебно барање до капитенот на каталонците, Лионел Меси следниот пенал да го изведе Хавиер Маскерано.


Соиграчот на Меси од аргентинската репрезентација Маскерано кој на Ноу Камп пристигна од Ливерпул 2010 година се уште нема постигнато погодок во дресот на Барселона.

Иницијативата на навивачите ја подржа и весникот „Спорт“ кој со посебен текст го повика Меси на солидарност. – Веруваме дека Хавиер Маскерано не се третира како голема ѕвезда во Барселона. Тој даде многу за овој клуб и време е соиграчите да му дозволат да го постигне својот прв погодок од белата точка. – стои во текстот во весникот.

Идејата на навивачите се јави откако Меси на дуелот со Селта со додавање од пенал му асистираше на Суарез.

OhridNews