Евроамбасадорот Дејвид Гир вчера го посети Универзитетот за информатични науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.


На средбата се разговараше за предизвиците и можностите за одржлив економски развој во земјата и регионот, вклучување на бизнисите и младите луѓе кои би придонесле со свои идеи преку основање на стартапи за развој на локалната економија. Особен акцент беше даден на можноста за искористување на потенцијалот на студентите на сите циклуси на студии на УИНТ „Св. Апостол Павле“ – Охрид, заедно со менторите од Универзитетот и ИТ компаниите, при креирање модерни ИКТ решенија, кои водат кон целокупен економски напредок, а со акцент на креативни решенија кои би помогнале кон одржлив развој на туризмот во Охрид, заштита на водите на Охридското Езеро, езерата и реките во земјата и регионот, како и одржливи решенија во земјоделието, додаваат од Универзитетот.
OhridNews











