Со богата и разновидна програма, вчеравечер, се одржа годишниот концерт на студиото за танци “ Соната”. Љубителите на музиката и танцот имаа редок момент да уживаат во најразличните стилови на танцување.

Манифестацијата беше поделена на два дела. Првиот, насловен како “Звуци на новото време”, во кој беа претставени новите модерни правци на танцување- латино американски, хип- хоп и еден експериментален хип- хоп во вид на мултимедијален спектакл под наслов “ Дрогата убива- прозбори”.

Вториот дел беше посветен на класичниот балет, а беше наречен “ Светлина што трае”.

OhridNews