Дали дигитализацијата на образовниот систем, помасовно ќе ги вметне електронските учебници во едукацијата на учениците, е прашање на време. Во дел од европските земји, заборавен е традиционалниот начин на предавање од книги, додека во Македонија постепено се воведуваат електронските учебници кои ја збогатуваат образовната програма. На денешната трибина во Скопје „Отворено образование за отворено општество“, д-р Алек Тарковски, член на Советот за информации при Министерството за администрација и дигитализација на Полска, даде свој осврт на овој проект.
Според Таркоски, наставниот кадар во Полска силно се потпира на печатените книги, а оваа идеја за разлика од Македонија, не е доволно прифатена. Со воведувањето на еден ваков план, ќе се зголеми знаењето на учениците и студентите, а пристапноста до книгите ќе биде олеснeта.
„Овој план засега наиде на мал интерес во мојата земја. Неретко учебниците имаат висока цена, а концептот на Отворени образовни ресурси (ООР) како што се книгите во електронска верзија, ги опфаќа сите образовни методи. Тука се и наставните програми, учебниците, како и секаков друг материјал кој се употребува во наставата. Едноставно што ќе треба да го направат учениците и студентите, е да ја отпечатат електронската верзија на учебникот. Тоа не чини скоро ништо, додека комерцијалните учебници коштаат и по неколку илјади денари“ – додава Таркоски.
Инаку во земјава, од пред неколку години функционира проектот „Е-учебник“, а засега на интернет можат да се најдат електронските учебници за учениците од 3-то од 8-мо одделение.
Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 годин...
Гинеколошката ординација на д-р Владо Устијаноски, специјалист по гинекологија и акушерство, одбележува една година од своето основање, период исполнет со професионална посветеност, континуирана гр...
Утре премиерно ќе биде изведена тетарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид со почеток во 20 часот Претставата е по...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.