Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, поскапea горивата за половина, односно еден денар.
Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 се зголеми за 0,50 денари за литар на 72 денари. Бензинот еуросупер БС-98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапи за 1 денар. Со тоа, новата цена на еуросупер БС-98 изнесува 74 денари за литар, на дизелот 63,50 денари, додека на екстра лесното масло за домаќинство 52 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,078 денари за килограм и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,377 денари за килограм.
OhridNews