Патарините за користење автопат во Република Македонија поскапуваат во просек за пет денари.

Владата донесе одлука според која патарината за  патничките возила за релацијата Скопје-Петровец, наместо досегашните 35 денари, ќе биде 40, а на наплатните рампи кон Тетово и Гостивар, наместо 25 ќе се наплатуваат по 30 денари. Најголемо поскапување од 10 денари има кај рампите Куманово-Миладиновци-Куманово, каде што досега се плаќаа по 50 денари. На другите наплатни рампи, цената на патарината останува непроменета.

За сметка на поскапувањето на патарината за патнички возила, поевтинува патарината за тешките категории возила како автобуси, шлепери и други товарни возила.

ohridnews