Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ,  малопродажните цени на бензините се зголемуваат за еден денар, додека цената на дизелот и есктра лесното масло за домаќинство се намалува за половина денар.

Новата цена на литар еуросупер БС-95 изнесува 79 денари, додека еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 80,5 денари. Еуродизелот ќе се продава по цена од 68,5 денари за литар, а литар есктра лесното масло за домаќинство ќе чини 57 денари.

Се намалува и малопродажната цена на мазутот М -1 НС за 0,183 ден/кг. Новата цена ќе изнесува 40,698 денари за еден килограм.

OhridNews