Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 3,5 денари, дизелот и екстралесното поскапуваат за половина денар.
Новата цена на литар Еуросупер БС-95 изнесува 84 денари, а на Еуросупер БС-98 85,5 денари.
Литар Еуродизел ќе се продава за 71,5 денари, а литар екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) по 60,5 денари.
Малопродажната цена на килограм мазут М-1 НС ќе изнесува 42,928 ден/кг.












