Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат од еден до два денара.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 82, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 83,5 денари за литар. Еуродизелот ќе се продава за 72,00 денари за литар.

Зголемување има и кај малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство за 0,50  денари. Тоа сега ќе чини 60,50 денари за литар. Се зголемува и цената на мазутот за 2,172 ден/кг.

OhridNews