Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98, како и на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за два денара по литар.
Малопродажната цена на Еуросупер 95 ќе биде 70 денари, на Еуросупер 98 71,50, на Еуродизелот 62, а на Екстра лесното масло за домаќинство 50,50 денари за литар.
Се зголемува и малопродажната цена на мазутот, за 1,317 денари, поради што килограм ќе чини 30,037 денари.
OhridNews