Согласно одлуката на регулаторната комисија за енергетика, од вечерва на полноќ,горивата поскапуваат за 2.5, односно три денари за литар.

Еуросуперот – 95 поскапува за 2,5 денари и ќе се продава по цена од 81 денари за литар. За три денари поскапуваат Еуросуперот – 98, Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.

Новата цена на Еуросуперот-98 ќе изнесува 83 денари за литар, на Еуродизелот 70 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 59 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,458 ден/кг, на 41,883 ден/кг.

OhridNews