Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ, за денар и пол поскапуваат бензините, а дизелот за половина денар.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, односно за 1, 00 ден/лит. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/ли, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит,  во однос на цените утврдени согласно Одлуката од 05.11.2012 година. Цената на  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) изнесува 72,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 61,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,520 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 05.11.2012 година. Цената на М-1 НС изнесува  42,937 ден/кг.

OhridNews