Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, цената на горивата се зголемува за 2,24%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 64,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 66,50 ден/лит.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,619 ден/кг и ќе биде 32,847 ден/кг.
OhridNews