Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, за пола до еден денар поскапуваат цените на бензините и на дизел горивата.

Малопродажните цени на еуросупер БС-95, на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за еден денар по литар. Новата цена на еуросупер БС-95 изнесува 64, на еуродизел (Д-Е V) 52, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 40,50 денари за литар. Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-98, се зголемува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 65,50 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,508 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе чини 26,795 денари.

OhridNews