Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините се зголемуваат за два и пол денари, додека дизелот ќе поскапи 1,5 денар.

Новата цена на еуросупер БС-95 изнесува 60,50 денари за литар, додека еден литар еуросупер БС-98 62,50 денари. Цената на литар еуродизел ќе изнесува 45 денари, додека на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) цената се зголемува на 33,50 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,139 ден/кг и со тоа цената на М-1 НС изнесува 16,837 денари за еден килограм.

OhridNews