Од ноќеска на полноќ горивата поскапуваат за 2 односно за 2,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Согласно одлуката цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит. и ќе изнесува 87,00 ден/лит. Цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 2,50 ден/лит. и ќе изнесуваат 89,00 и 92,00 (денари/литар).

Цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денар за литаи и истото ќе се продава за 93,50 ден/лит., додека Мазутот М-1 НС поскапува за 0,846 ден/кг и сега цената ќе изнесува 50,814 денари за килограм.

OhridNews