Вечерва, во 23.22 часот во источниот дел на Македонија почувствуван е слаб земјотрес со јачина од 3 степени. Според Европско – медитеранскиот центар за сеизмологија, три минути подоцна, земјотрес со иста јачина е почувствуван и во соседна Бугарија.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри, на 4 километри североисточно од Пехчево, а почувствуван бил во пограничинте градови, Берово, Пехчево и Делчево.
OhridNews
извор: „Makfaks“