Вечерва и утре ќе се одиграат последните мечеви од фазата по групи во Лигата на Шампиони. Први на мегдан излегуваат екипите од А, Б, Ц и Д групите.

Во групата А неизвесно е првото место на табелата. Атлетико Мадрид во трката за лидерското место има пол позиција. „Јорганџиите“ во пресрет на последната рунда имаат два бодови повеќе од Борусија Дортмунд. Шпанците гостуваат кај Клуб Бриж, додека „милионерите“ ќе се сретнат со Монако.

Екипите на Тотенхем и Интер ќе се крстат во Барселона. Англискиот премиерлигаш и италијанскиот клуб во последната рунда влегуваат со ист скор на бодови, но со различна задача. Тотенхем гостува кај Барселона која нема резултатски императив, откако обезбеди пласман понатаму, додека Интер на домашен терен го пречекува ПСВ Ајндховен.

Групата Ц во целост го оправда епитетот „групата на смрта“. Четирите екипи членови на оваа група си имаат свои математики. Целиот фокус ќе биде насочен кон Енфилд, каде во мечот да се биде или не ќе се сретнат Ливерпул – Наполи. Поразениот од овој меч завршува со настапите во ЛШ. Вториот натпревар во оваа група е средбата помеѓу Црвена Ѕвезда – Пари Сент Жермен. Французите обезбедија пласман во ТОП 16, но императивот ќе биде првата позиција, додека мотивот на „црвено белите“ ќе биде победа над најскапиот клуб на светот.

Во групата Д непознато е само која екипа ќе продолжи во Лигата на Европа, бидејќи местата за нокаут фазата во ЛШ се пополнати. Галасарај ќе бие битка со Локомотив. Турците на домашен терен ќе ги одмерат силите со Порто, додека Локомотив Москва гостува кај Шалке.

Двојки:

Група А: Клуб Бриж – Атлетико Мадрид, Монако – Борусија Дортмунд

Табела: Атлетико Мадрид 12, Б. Дортмунд 10, Клуб Бриж 5, Монако 1

 

Група Б: Барселона – Тотенхем, Интер – ПСВ Ајндховен

Табела: Барселона 13, Тотенхем 7, Интер 7, ПСВ Ајндховен 1

 

Група Ц: Црвена Ѕвезда – ПСЖ, Ливерпул – Наполи

Табела: Наполи 9, ПСЖ 8, Ливерпул 6, Црвена Ѕвезда 4

 

Група Д: Галатасарај – Порто (18:55ч), Шалке – Локомотви Москва (18:55ч)

Табела: Порто 13, Шалке 8, Галасатарај 4, Локомотив Москва 3.

OhridNews