Денеска е последен ден за пријавување за учество на јубилејниот 15-ти турнир во мал фудбал „Велгошти 2018“.

Секоја заинтересирана екипа треба да уплати 3 000 денари на сметката 530-0003008837-97 Охридска банка и да се пријави кај лицето Коста на телефонот 078 439 780.

Во 20 часот и 30 минути во Спортско рекреативниот центар „Тодор Александров“ ќе се одржи ждрепката за изгледот на групите. Турнирот започнува на 16 јули.

OhridNews