Денеска е крајниот рок за пријавувањето за учество на турнирот во мал фудбал „Петровден 2021“, кој по 46-ти пат ќе се одржи во Мешеишта.

После крајниот рок кој е денеска до 20 часот нема да се прифаќаат дополнителни пријави, информираат организаторите на турнирот.

Од таму додаваат дека мечевите на турнирот ќе се играат во вечерни термини, а делителите на правдата ќе бидат професионални судии.

Телефон за контакт 075 701 800 (Игор Манце).

OhridNews