Рокот за пријавување на конкурсот за избор на најубаво уреден двор и парк пред станбена зграда во Охрид, што по повод денот на екологијата 5 јуни, го распиша Женскиот центар „Бисера“, истекува денеска.
Конкурсот се објавува со цел да се поттикнат граѓаните на град Охрид да учествуваат и дадат свој придонес за почист и поубав град во пресрет на туристичката сезона.
Заинтересираните своето учество може да го пријават уште само денес на телефонот 264- 469, или во канцеларијата на ЖЦ „Бисера“ на улицата „Димитар Влахов“.











