Денес е последниот рок за пријавување за запишување во средните училишта со цел да се пополнат слободните места кои останаа по првиот и вториот јунски уписен рок .
Како што информираат од ОСУ „Св. Климент Охридски“ во гиназијата слободни места има уште 119, од кои за гимназиско образование 68, во економско- правната и трговска струка за профил економски техничар 44 и во здравствената струка за профил медицинска сестра 7.
Во електромашинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски“,вкупно слободни места има 162. Во машинска струка имаат можност да се запишат уште 40 ученици, во електротехничката 129, сообраќајна струка 50 и лични услуги 11.
Во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ непополнети се уште 259 места. За трет степен на образование(готвач, слаткар, келнер) слободни места има 154, а за четврт степен на образование( хотелско- туристички техничар, и двете нови струки- угостителски техничар за рурален туризам и угостителски техничар) слободни места се уште 105.
Резултатите од августовскиот рок за запишување ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден.
OhridNews