Во тек се активности од последната фаза од реконструкцијата на Задружниот дом во село Требеништа. По реконструкцијата на домот, приземјето ќе се користи како деловен простор, а катот ќе биде адаптиран во изложбен центар на археолошкото наследство на општината.

Успешно привршува и последната фаза од реконструкцијата на Задружниот дом во село Требеништа и негова преадаптација во деловен и археолошко -изложбен центар, информира градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Средствата, во износ од 3.500.000 денари се обезбедени преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021-2022 година, а 621.720 денари се учество на Општина Дебрца.

Проектот се имплементира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

OhridNews