
На дневен ред ќе се најдат 21 точка. Меѓу темите по кои ќе расправаат членовите на Советот на оваа седница, преовладуваат Извештаите за финансиското работење и годишната сметка за 2008. година за сите основни и средни училишта на подрачјето на општината како и Детската градинка „Јасна Ристеска“.
Меѓу другите точки се и Предлог-Одлуката за усвојување на Годишниот извештај и Завршната сметка на Буџетот на општина Охрид за минатата година; Предлог- одлуките за усвојување на годишните Извештаи за работа односно Завршните сметки за минатогодишното работење на општинските Јавни Претприајтија „Охридски Комуналец“, МЈП „Проаква“ и „Билјанини Извори’.
За седницата се предложени и Предлог-Одлуката за донесување Програма за управување со отпад за 2009. година и Предлог-Одлуката за донесување План за управување со отпад во општина Охрид за годинава.
Шеесет и четвртата седница советот ја одржува во екот на изборната кампања, што предизвика негодување кај дел од советниците.












