Со проекциите на филмовите „ 38 сведоци“ од режисерот Лука Белво и политичката драма, филмот „Последна изборна кампања“ на Бернар Стора, вечерва се затвара шестото издание на Фестивалот на француски филм во Охрид.

Во рамки на свеченоста по повод затворањето на фестивалот, ќе биде доделена и почесната награда која годинава ќе оди во рацете на режисерот Бернар Стора. 

Фестивалот се одржува во организација на Францускиот институт во Скопје, а со поддршка на Министерството за култура на Македонија, Регионот на Долна Нормандија и низа спонзори.

OhridNews