Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да обезбеди пласман на Австралија Опен турнирот, откако изгуби во последната трета квалификациска рунда од Стефани Вогел во три сетови (6-4, 3-6, 2-6).
Ѓорческа која претходно успешно мина две пречки низ квалификациите одлично го започна првиот сет во одлучувачкиот натпревар. Добрата игра ја круниса со победа во првиот сет (6-4) и почетно водство.
Швајцарката во вториот сет се консолидираше и возврати со иста мера за егал и решавачки трет сет. Таму, Ѓорческа за мала нијанси потфрли и дозволи на Вогел лесна победа иако на теренот не изгледаше така.
Сепак, Ѓорческа во квалификациите за пласман на Австралија Опен направи нешто што никој досегашен тенисер не успеал да победи и да помине квалификациско коло.
OhridNews