Изборните штабови на кандидатите за градоначалник на Охрид денеска ги имаат поселедните активности пред почетокот на изборниот молк кој започнува вечерва точно на полноќ.

Денеска е последен ден кога политичките ривали можат да агитираат, убедуваат и медиумски да се претставуваат. Таквата можност, ќе ја искористат и двајцата кандидати за градоначалник на Охрид, Кирил Трендафилов – Нанче од ВМРО ДПМНЕ и Александар Петрески од СДСМ. И двајцата денеска ќе одржат прес конференции, ќе имаат средби со членството и граѓаните и ќе гостуваат на медиумите.

И едниот и другиот деновиве добија силна поддршка од партиските раководства. Неделава во Охрид продефилираа премиерот и речиси сите министри во владата од ВМРО ДПМНЕ. На помош на Петрески му беа в.д. престедатело на СДСМ, Зоран Заев, екс премиерот Владо Бучковски и претседателот на државата во заминување Бранко Црвенковски.

Атмосферата во Охрид пред завршниот круг од локалните избори на 5-ти април политички е вжештена до максимум. Двете страни, инаку големи ривали, ветија фер и демократски избори. На тоа се обврзаа јавно и пред охридската јавност и пред претставниците на меѓународната заедница.

Завршни активности денеска имаат и кандидатите за претседател на државата, Ѓорѓе Иванов и Љубомир Фрчкоски, чија кампања исто така мина во жестоки препукувања. Тие имаа само еден телевизиски дуел, во кој исто така не изостанаа личните дискфалификации.

Ohridnews