Денес и утре се последни два дена за пријавување за учество на баскет турнир кој втора година ќе се одржи во СРЦ „Билјанини Извори“. Турнирот во баскет се одржува по повод 7 ноември-денот на ослободувањето на град Охрид.

Како и минатата година сите заинтересирани за пријавување на тим треба да состават своја екипа 3+1 ( играч ) да пополнат апликација за учество (дирекција ЈП Билјанини Извори) и да уплатат котизација во висина од 3000 денари по екипа, на жиро с-ка 530000200889310 Охридска Банка АД Охрид. Крајниот рок за да го сторат тоа е 15 октомври. Ждпреката е закажанa за 16 октомври во 19 часот во просториите од ЈП Билјанини Извори.

Натпреварите ќе се играат во попладневните часови (распоред на играње дополнително ќе се направи) на новите висечи кошеви паралелно на двата коша и при тоа ќе бидат вклучени двата семафори. Ќе се игра во систем по групи, а потоа ќе следи вкрстување и нокаут рунда.

За најуспешните три екипи обезбедени се парични награди од страна на главниот покровител на настанот Општина Охрид, организаторот на турнирот ЈП Билјанини Извори и собраните средства од котизацијата.

OhridNews