И годинава, на црковно- народниот собир кај црквата посветена на Света Богородица во Скребатно, кој традиционално веќе неколку години по ред се организира, се очекуваат неколку илјади верници од селото и околината.
Големиот празник масовно ќе се слави и во селото Куратица.
Свеченостите ќе започнат вечерва, со пригодна манифестација во црквата Света Богородица , додека пак утре, по црковните обреди во истоимената црква, одбележувањето на празникот ќе биде збогатено со музички дел и со настапот на фолклорниот пејач Петар Нечовски.