Почна последната, третата фаза од кампањата на ЕВН Македонија за плаќање на долговите за потрошена електрична енергија и тужените побарувања. Уште само три недели остануваат граѓаните и бизнис корисниците да ги искористат поволностите на кампањата „Избриши го долгот“. Од почетокот на кампањата од 01 јуни до денес се склучени15 000 спогодби.

Поволностите да ги платат редовните побарувања на повеќе рати ја искористиле над 5 300 корисници, а над 5 100 во целост го платиле долгот при што беа ослободени од дополнителните камати за задоцнето плаќање на потрошената електрична енергија.

До крајот на кампањата домаќинствата ќе можат на две рати да ги платат актуелните долгови, а бизнис корисниците само во целост, т.е. на една рата при што нема да се пресметува дополнителната камата.

Можноста да расчистат со стариот проблем – тужените долгови  и да ги избегнат извршителите ја искористиле 4100 граѓани. Со потпишувањето на спогодбата со која тужениот долг го платија во целост, корисници ја искорисија поволноста да не им се наплати дополнителната камата, како и сусдските, нотарските и трошоците за услугата на извршителите.

Најмногу спогодби се потпишани во Корисничко енергетските центри на ЕВН Македонија во Скопје, Тетово, Гостивар и во Куманово. ЕВН Македонија поволностите од кампањата Избриши го долгот им ги овозможува на своите корисници до крајот на месец август.

OhridNews