Атлетската репрезентација на Македонија со освоени 116,5 поени заврши на последното 13. место на Европското екипно првенство трета лига во Сараево.
На првото место во нашата лига се пласира Израел (401,5), втора е Молдавија (393,5), а трета Данска (391). Следуваат БиХ, Азербејџан, Исланд, Луксембуг, Ерменија, Грузија, Црна Гора и заедничкиот тим на мали европски земји, претпоследна беше Андора со 123 поени.
Македонската експедиција во Сараево броеше 22 атлетичари во машка и женска конкуренција како и селектор и уште шестмина тренери. Беа поставени два македонски рекорда во младинска конкуренција, оној на Александра Спасеска во трискок (10,45 секунди) и на машката штафета на четири пати 100 метри, Кафтановски, Ефремов, Мирчевски, Ајдаров (44,17).
Најдобар пласман кај жените оствари Ивана Рожман (5. место на 200 метри, 6. место на 100 метри), а кај мажите најдобар пласман забележаа Дејан Ангеловски (8. место во кладиво и копје) и Славчо Мирчевски (8. место во трискок).
Во 2-та лига пласман обезбедија репрезентациите на Израел и Молдавија.
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...