По повод празникот Светиот великомаченик Димитрија – „Митровден“, попладнево на градскиот плоштад, охриѓани бесплатно можеа да ја вкусат традиционалната македонска храна.

Трпезите кај малата црквичка посветена на Св.„Димитрија“, беа преполни со посно гравче, туршија, како и македонско црвено вино.

Како што истакна Никола Велјаноски, кој е  дел од црковниот одбор на оваа црква, вели дека на ова место веќе десетта година по ред се прославува големиот христијански празник.

Манифестацијата која долги години е традиција за охриѓани, беше надополнета со музичка програма, на која покрај КУД „Ѓердан“ настапи Петар Нечоски, Анета Наковска и Анета и групата „Молика.

О.Т.