„Денеска славиме 69 години од второто заседание на АВНОЈ во далечната 43-та во Јајце. Таму се донесени одлуки, кои за нас Македонците се со извондредно значење. Државата беше призната како посебна во склоп на таа федерација, а нацијата беше рамноправна со другите. Југославија по воениот период се градеше и се стекна со епитетот на силна и моќна држава, во која што ние живеевме“ – вели поранешниот професор по историја Наце Иваноски, кој имаше свое обраќање на трибината што се одржа во општинската сала.
Тој истакнува дека неспоредливо различен е животот сега и оној од пред неколку децении. „Тогаш со таа југословенска плата која ја добивавме, можевме да живееме нормално. Сега не можам ниту да ги исплатам сите обврски кои ги имам како родител кон фамилијата. Овој празник го славевме величествено, а беше проследен со низа манифестации низ целата федерација. Поради неговото големо значење, пред борците предложив да се вметне овој ден во државните празници. Тогаш се поставени темелите на југословенската федерација, односно, македонската држава како дел од неа.“ – вели Иваноски.
Некои од повозрасните охриѓани, пак, со дијаметрално спротивни ставови, но сите потсвесно копнеат тоа време да се врати. „Плукавме по тој систем, кој не можевме да го смислиме. Но да знаевме дека ќе дојде вакво време каде државата е на работа на бездната, никогаш не ќе посакавме да се осамостоиме. Државата не ја наследивме од нашите прадедовци, туку ја позајмуваме од нашите деца. Тие се нашата иднина, а со овие капиталистички вредности кои самите ги сакавме, не ќе издржиме уште многу“ – вели еден наш сограѓанин.
Сите заедно се согласуваат околу можностите кои ги нудела поранешната федерација, почнувајќи од кредитите па се до акциите и одморите низ сите републики. „Имаше огромни поволности преку кредитните линии на државата. Можеби за еден телевизор се чекаше доста време, но сепак никој од нас не беше прелажан, а не ни плаќавме големи камати. Работа во Охрид имаше колку да сакаш. Фабриките работеа со полн капацитет, а градот имаше развиена индустрија. Сега од тој систем, ни останаа само празните капацитети на пропаднатите фабрики. Таа грешка е наша, а не на Југославија“ – велат наши сограѓани, присетувајќи се на времето кое нема да се врати.
Инаку, по повод 29-ти Ноември, во општинската сала, денеска се одржа трибина во организација на ОО на Сојузот на борци од НОАВМ 1941 – 1945 и на граѓаните подржувачи во општините Охрид и Дебрца,