Со верска церемонија што се одржа со благослов на Митроиполитот Дебарско-кичевски Георгиј, викендов во селото Рамне, охридско, се постави камен темелник на новата црква – манастир посвететена на Св. Атанасиј Велики. Богослужбата ја одржа отец Горан.
Црквата ја гради народот со поддршка на донатори и добронамерници.
По завршување ма церемонијата и ставањето темели на новиот верски објект, се одржа заеднички ручек во трпезаријата на верскиот комплекс која комплетно е реновирана.
За многу години!
Г.М.
Фото: Тане Србиноски/Фејсбук