Со верска церемонија и традиционални обичаи, денеска во месноста Чекоштина беше поставен камен темелник за изградба на православна црква која ќе биде посветена на Св. Никола.

Црквата ќе се гради во месноста Карпа кај параклисот посветен на Св. Никола.


Параклисот Св. Никола во Чекоштина

Изградбата на црквата ќе ја координира црковен одбор со кој претседава актуелниот директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов, а донациите и собирањето на средства за реализација на иницијативата ќе се одвиваат преку Дебарско-кичевската епархија.

OhridNews