Откако пред два дена граѓаните преку OhridNews информираа дека самиот влез од популарната „Трета горица“ е забарикадиран од депонија, на терен излегоа екипите на охридското јавно претпријатие „Комуналец“.

На оваа локација поставен е контејнер од Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, а расчистен е сметот и отпадоците со цел овие грди слики да не се повторат во екот на туристичката сезона.

Останува на охриѓани и туристите да поработат на еколошката свест, со оглед на тоа дека покрај поставувањето соодветна опрема, се уште поединци ги расфрлуваат отпадоците на истото место.

О.Т.