Поставен нов цевковод на улицата „Македонски Просветители“ информираат од ЈП Водовод Охрид.

Како дел од третата фаза од реконструкцијата на улицата „Македонски Просветители”, поставен е нов цевковод со профил Ф110 од полиетиленски материјал, во должина од 20 метри, велат од претпријатието.

Претходно беа поставени два нови шибери со профил ф 200, еден шибер со профил ф 100 и еденшибер со профил ф 80, а истовремено беше извршена и репарација на два шибери со профил ф250 и еден шибер со профил ф100. Со ова како што информираа од претпријатието значително ќе се подобри регулацијата и водоснабдувањето во централното градско подрачје.

Воедно од ЈП Водовод Охрид информираат дека екипите на претпријатието во периодот од 9-ти до 15-ти мај, покрај редовните проверки и теренски активности, интервенирале на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.

Отстранети беа дефекти на улиците „Петар Поп Арсов” бр.48, „Охридска Бригада”, „Аџи Мустафа”, „Абас Емин” бр.87, „Кирил и Методиј”, „Асном”, „Трајче Трајчески”, „Кеј Македонија” бр.40, „Кузман Јосифовски Питу”, „Јане Сандански” – учителска зграда, „Радојца Новичиќ” (2 дефекти), „Мирче Ацев”, „Галичица”, во населба ” Христо Узунов”, како и во селата Велгошти, Орман и Лескоец, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Додаваат дека приклучен во мрежата е објект и на ул. „Македонски Просветители” и извршено е преприклучување – девијација во село Лескоец.

OhridNews