Охриѓанецот Никола Баракоски во неделата постави нов рекорд во слободно летање со змаеви од планината Галичица.


Никола Баракоски (во темната маичка)

-После многу планирање и подготовки поставен е нов рекорд во слободно летање со змаеви од Галичица. Прелетани се 135км. во правец југ – север за време од 3 часа и 40 мин.-истакна Баракоски.



Патеката на рекордниот лет на Никола Баракоски

Поставениот воедно е рекорд на стартот, од каде, како што истакна Баракоски,  никој до сега нема направено подолг прелет.

OhridNews