Во градскиот парк, пред рибниот ресторан е поставен  постаментот на кој наскоро ќе биде подигнат споменикот на Свети Наум Охридски Чудотворец.


Споменикот е дело на академскиот скулптор Томе Серафимовски, а излеан е  во леарницата “Јеремиќ” во Белград.

На 29- ти јуни споменикот ќе пристигне во Охрид, а свеченото откриен на празникот посветен на Свети Наум, на 3 јули. Заедно со излеаниот споменик од Белград ќе пристигне и гипсената фигура по која беше правен споменикот. Скулпторот Серафимовски  минијатурната фигура ќе и ја подари на општина Охрид и најверојатно ќе биде поставена во комплексот Св. Наум.


Споменикот на Свети Наум Чудотворец, заедно со постаментот, е висок пет метри. Неговата изработка чини 160. 000 евра кои  во најголем дел ги обезбеди Министерството за култура, а со сопствени средства партиципираше и локалната самоуправа.

OhridNews
фото: Емилио