Заврши поставувањето на фотонапонската централа на кровот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ Охрид, информираат од Општина Охрид.

Централата е со моќност од 22 kW и ќе биде надополнување на новиот систем на греење на училиштето преку топлотни пумпи што значително ќе ги намали трошоците на оваа образовна институција, а секако ќе придонесе и за заштита на животната средина. Остануваат да се завршат формалните процедури со ЕВН околу приклучување во дистрибутивната мрежа по што ќе биде ставена во функција, додаваат во соопштението.

Фотонапонската централа, нејзиното проектирање и поставување е комплетна донација од страна на компанијата ОКТА а.д. Скопје велат од Општина Охрид упатувајќи благодарност и потенцирајќи дека оваа донација е вистински пример за општествена одговорност.

OhridNews