На улицата „Питу Гули“, кај влезот од основното училиште „Христо Узунов“, денес, се изврши поставување на заштитна ограда.

Заштитната ограда е од голема важност за безбедно поминување на тротоарот, пред училиштето, при доаѓање и заминување на учениците, вели директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски.

Оградата е поставена во соработка на училиштето и јавното претпријатие „Градски Пазар“.

OhridNews